Уште еден учесник во создавањето на „законот Магнитски“ доби „ЊЕТ“ за руска виза

Американскиот конгресмен, Крис Смит, кој беше еден од иницијаторите за прифаќање на „законот Магнитски“, добил „не“ за издавање руска виза.

Американскиот конгресмен, Крис Смит, кој беше еден од иницијаторите за прифаќање на „законот Магнитски“, добил „не“ за издавање руска виза. Ова Крис Смит го соопштил за списанието Foreign Policy.

Според неговите зборови, тој порано повеќепати ја посетувал Русија и СССР, но во февруари 2013 година неочекувано е одбиен, дури и покрај личната интервенција на амбасадорот на САД во Москва, Мајкл Мекфаул. Причината за одбивањето за издавање руска виза не му е објаснета на Крис Смит, но амбасадорот на Русија во САД, Сергеј Кислјак, му соопшти дека таквата одлука е донесена директно во Москва.

Смит смета дека одбивањето е поврзано со неговото учество во создавањето на „законот Магнитски“. Сепак, конгресменот ќе направи уште еден обид да добие руска виза.

Крис Смит е претседател на комитетот за правата на човекот и меѓународни работи во Претставничкиот дом во САД. Претходно тој е одбиен и од други земји - Кина, Куба и Белорусија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња