Русија во 2012 година го одржа своето водство според бројот на вселенски лансирања, изјави шефот на Роскосмос, Владимир Поповкин.
„Русија лансираше 24 ракети и, како и во претходните години, остана лидер според бројот на лансирања, учествувајќи со 38% од сите лансирања на ракети во 2012 година“, изјави Поповкин.
Според информацијата на Роскосмос, во 2012 година биле изведени на орбита 33 космички апарата. Бројот на руската орбитална група сега изнесува повеќе од 10% од глобалниот број орбитални апарати. Глобалната констелација на апарати кои орбитираат околу Земјата, според состојбата на 1 јануари 2013 година, брои 1140 вселенски апарати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче