Русија преминува на „пластика“

Владата сака да го намали користењето на банкнотите во внатрешната трговија.

Од 2015 година во Русија ќе бидат забранети трговските зделки, чии суми ќе надминуваат 450.000 денари. Ова решение ќе ги зголеми сумите со кои ќе располагаат банките, но ќе удри по џебот на претставниците на средната класа.

Со овој чекој Москва сака со еден истрел да улови два зајака: да ги открие „скриените“ доходи на населението, како и да го зголеми обемот на средства со кои работат банките. Наскоро овој предлог-закон ќе оди на разгледување во Думата. Документот е подготвен во Министерството за финансии.

Ограничувањето на трговијата со банкноти ќе се одвива во две етапи. Од 2014 година се планира да се забрани „кешот“ при купување на услуги и стоки во вредност поголема од 900.000 денари, а од 2015 година – од 450.000 денари. Освен тоа, документот предвидува работниците да ја добиваат платата исклучително електронски. Исклучок ќе бидат само малите претпријатија, каде работат не повеќе од 35 луѓе.

Денеска дури 85% од сите операции преку банкоматите отпаѓаат на вадење средства после добивањето на платите. И не само тоа, од 2005 до 2011 година, обемот на трговија со кеш е зголемена за 4 пати. Според Банката на Русија, повеќе од 905 од сите операции со парични средства се одвиваат со употреба на банкноти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.