Русија ги презема обврските од претседателството во Советот за Безбедност во ООН

Русија на чело на СБ во ООН.

Од 1 март, во Советот за Безбедност при ООН претседателствува Русија. Таа ја зема штафетата од Јужна Кореја, која водеше овој орган во февруари.

На 19 март, под претседателство на шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, планирана е јавна средба на Советот за Безбедност на ООН, на која ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан, чие решавање ќе биде главна тема на руското претседателство.

Во фокусот на руското претседателство ќе бидат и проблемите на Блискиот Исток. Членовите на Советот за Безбедност на ООН ќе го разгледаат напредокот во исполнувањето на резолуцијата 1701 околу проблемот со Либан, ситуацијата во Ирак и Либија. Освен тоа, ќе има и дебати околу проблемот со косовското прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.