Роскомос бесплатно ќе лансира студентски сателити

„Роскосмос“ е подготвен бесплатно да изведува во орбита студентски сателити, изјави раководителот на оваа компанија, Владимир Поповкин.

„Роскосмос“ е подготвен бесплатно да изведува во орбита студентски сателити, изјави раководителот на оваа компанија, Владимир Поповкин. Оваа изјава беше дадена за време на потпишувањето на договор со водечките руски универзитети за основање на „Вселенски научно-образовен конзорциум“.

„Ако некој универзитет создаде сателит, ние него бесплатно ќе го лансирање. Тоа е нашата принципиелна позиција по ова прашање“, изјави Поповкин.

Ректорот на Московскиот авио-институт, Анатолиј Герашченко, кој учествуваше во потпишувањето на договорот, изјави дека во неговата високо-образовна установа се направени 8 сателити, од кои веќе 5 се лансирани во вселената. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња