Путин: Русија избра демократија

Русија ја избра демократијата и почитувањето на човековите права, а на тоа и ќе се придржуваме и во иднина, изјави Владимир Путин.

Русија ја избра демократијата и почитувањето на човековите права, а на тоа и ќе се придржуваме и во иднина, изјави Владимир Путин на конференцијата за печатот после преговорите со претседателот на Франција, Франсоа Оланд.

Путин потсети дека Русија во последниве две години избра нови пратеници во Думата и претседател.

„Во секоја земја за време на големите изборни кампањи доаѓа до заострување на политичката борба, се појавуваат заемни претензии и секогаш се зборува за прекршоци. Така е насекаде во светот“, смета претседателот на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња