Зошто Русија ѝ прости на Куба 35 милијарди долари

Решението за регулирање на долгот на Куба пред Русија за кредити кои се дадени од СССР, предизвика бурна дебата во финансиската блогосфера.

Решението за регулирање на долгот на Куба пред Русија за кредити кои се дадени од СССР, предизвика бурна дебата во финансиската блогосфера. Според зборовите на руските официјални лица, од долгот кој изнесува 35 милијарди долари - отпишани ќе бидат дури 90% од него, а остатокот ќе се реструктурира за отплата во наредните 10 години. Еден од условите за отпишување на долгот - е потпишување со Куба договори за лизинг на руски авиони. Вредноста на овие нови договори за изнајмување изнесува 650 милиони долари.

Коментаторите веднаш го прокоментираа овој потег како „невидена дарежливост“. Како прво, отпишаниот долг веднаш го споредија со трошоците за професионалната армија, дефицитот на Пензискиот фонд и др. Други сметаат дека властите на Куба добиле не само простување на долговите, туку и награда со нови кредити и авиони - сето тоа на сметка на рускиот даночен обврзник.

За специјалистите кои ја познаваат ситуацијата, ова е доста нормално и одговара на современите стандарди за односи меѓу државите. Треба да се разбере - тие милијарди се појавиле, пред сѐ, како резултат на комплицирани пресметки на советските кредити во Куба. Тие кредити не се пресметуваат од страна на Economist Intelligence Unit и CIA Factbook. Според овие извори, целиот долг на Куба во 2011 година изнесувал 21,5 милијарди долари, од кои Русија во него учествувала со 0,8 милијарди (кредити дадени после 1991 година). Надворешниот долг на Куба е тајност, а статистиката која се објавува од страна на Централната банка на Куба користи доста чудни методи на пресметка. 

За едно се согласуваат сите специјалисти - последните решенија на руската влада се насочени кон долгорочна поддршка на руската индустрија. 

Останува прашањето - колку навремено ќе се реструктурира долгот на Куба, пред да се случи премин на власта кон новата генерација раководители. Како резултат на промената на власта, нагло се зголемува веројатноста на враќање на Куба во сферата на американските интереси; тогаш нејзината економија ќе премине под контрола на богатата и влијателна кубанска дијаспора во САД. Затоа, регулирањето на долгот носи и свои ризици. Кога ќе се промени власта, новите раководители можат едноставно да се откажат, да не го признаат долгот на претходната администрација. И ризикот од такво сценарио е големо. Куба ги исполнува критериумите на HIPC (сиромашни држави кои „заглавиле“ во долгови), на кои обично им простуваат до 95% од долгот. Досега вакво „простување“ не се случило поради американското ембарго врз Куба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.