Челјабинск ќе добие споменик посветен на метеоритот кој падна на 15 февруари за точно една година.
Според зборовите на авторот на идејата, споменикот треба да претставува голема меморијална композиција.
Можно е на неа да бидат покажани луѓе, посебно тие кои помогнале во чистењето и нормализирањето на ситуацијата после падот на метеоритот – спасувачи, волонтери и т.н. Во конкурсот за проектот за споменикот можат да земат учество сите кои имаат желба за тоа. Возможно е очевидците на случката подобро да го опишат она што се случи, отколку професионалните уметници, изјави еден од чиновниците во градската управа.
Споменикот ќе биде финансиран делумно од буџетот на областа, а делумно од инвеститори.
Возможно е дури да се искористат фрагменти од метеоритот во создавањето на споменикот, резимираше чиновникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче