„Роснефт“ пронајде втор пат за Кина

Компанијата ќе испорачува нафта во Кина преку Казахстан.

Вчера во Пекинг се одржа состанок на руско-кинеската комисија за соработка во енергетската сфера. Од кинеска страна, комисијата е возглавена од вице-премиерот Ван Ципан, а од руска страна - од вице-премиерот Аркадиј Дворкович.

Во пресрет на посетата на идниот претседател на Кина, Си Цинпин, владата на Руската Федерација ги поддржа плановите на „Роснефт“ за зголемување на испораките на нафта во Кина за минимум 9 милиони тони. Засега плановите за развој на новиот нафтовод ќе дадат можност да се зголемат испораките за 1,5 до 2 милиона тона. Веќе од 2014 година „Роснефт“ ќе може со помош на swap-операции да извезува во Кина дополнителни 7 милиони тони нафта преку Казахстан. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња