Победата на претседателските избори во Кипар од страна на 66-годишниот Никос Анастасиадис, е причина за оптимизам во Брисел. Овој политичар вети во најскоро време да се спроведат сите структурни реформи за да се врати стабилноста и растот на економијата. Кипарскиот лдиер смета дека „Русија може да игра улога на катализатор во обезбедување на итна финансиска помош на Кипар, а самиот Кипар да стане „мост на дружба“ меѓу Европа и Русија“. Москва, пак, е заинтересирана во прекинување на праксата Русија да ја сметаат на Кипар како база за перење на руските пари.
На својата инаугурација на 25 февруари, Анастасиадис подвлече дека ќе успее да се договори со ЕУ и ММФ околу финансиските прашања. Во Брисел го задржаа решението за доделување на кредит на Кипар во износ од 17,5 милијарди евра, поради стравови од ликвидноста на земјата и транспарентноста на нејзиниот финансиски сектор. На Кипар сметаат на Русија во решавањето на финансискиот проблем, земајќи го предвид руското економско присуство во таа земја.
Главниот уредник на списанието „Русија во глобалната политика“, Фјодор Лукјанов, има друга гледна точка. Тој смета дека со новиот претседател нема ништо суштествено да се промени. Економијата на Кипар, иако важи за „офшорна економија“, таа не е позната како „криминална економија“. Од друга страна пак, иако новите кипарски власти се повеќе ориентирани кон Брисел, тешката економска ситуација во која се најде островот го принудуваат Кипар да се држи на „руските машини за дишење“. И на самиот Брисел ова му е познато. Доколку Брисел го натера Кипар „да раскине“ со Москва, тогаш дополнително ќе се влоши и така лошата економска ситуација на островот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче