Младите претприемачи веруваат во правење бизнис во Русија

Само една шестина од младите бизнисмени сметаат дека започнувањето на бизнис во странство е поисплатливо, отколку во Русија. Ваквата доверба во иднината на руското претприемништво се објаснува со менувањето на квалитетите на младите претприемачи.

Повеќето млади претприемачи веруваат во успехот на својот бизнис во Русија, сведочат за ова податоците од февруарската анкета која е спроведена од компанијата „Бизнис Младост“ заедно со Левада-Центар. Според неа, 84% од анкетираните се уверени дека животот во Русија, од гледна точка на водење бизнис, е поперспективен, отколку на Запад.

Стратегиите за водење бизнис, исто така, се променија. Ако во почетокот на 90-те години, претприемачите главното внимание го посветувале на трупање и чување на средствата, сега приоритетите се променети: често бизнисот се прави заради задоволство. „Денеска самиот лик на претприемачот е променет“, смета коосновачот на „Бизнис Младост“, Петар Осипов. Современиот претприемач се раководи мислата дека се прави бизнис не заради трупање пари, туку тоа се прави заради задоволство“.

Сепак, младите претприемачи имаат потреба од поддршка. Освен даночните олеснувања и намалување на административниот притисок, на младите претприемачи им е потребна помош и од учителите-практиканти: 82% од почетниците сакаат да си најдат ментор за индивидуална работа и совети за почнување и водење бизнис. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња