До 2020 година, Русија планира да ги зголеми резервите од нафта и гас за една четвртина. Ова е една од целите на државната програма за одржување и зголемување на природните ресурси до 2020 година, подготвена од Министерството за природни ресурси. За истражување и освојување на нови територии – ќе бидат потрошени 98 милијарди долари. Побарувачката на ресурси ќе биде зголемена поради поголемите апетити за ресурси од државите во Азија и Латинска Америка, објаснуваат чиновниците.
Министерството за природни ресурси создаде програма за одржување и зголемување на нивото на производство на природните ресурси за периодот од 2013 до 2020 година. Најголемо внимание во документот се посветува на минерално-суровинската база и проучувањето и барањето на нови извори.
Се очекува светската побарувачка за основните видови суровини да расте барем до 2030 година (за сметка на зголемената побарувачка од Азија и Латинска Америка). Според прогнозата на аналитичките агенции, побарувачката на нафта ќе се зголеми за 14%, на гас – за 36 до 52%, на црните и обоените метали – 30-45%, на ретките метали – 30-35%.
Очекуваните инвестиции во постојните и нови извори се очекува да ја зголеми вредноста на добиените суровини на 5,6 трилиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче