ГЛОНАСС пристигна на Западната полутопка

Првата земна станица во Западната полутопка на системот ГЛОНАСС е отворена во Бразил.

Системот за глобално позиционирање, ГЛОНАСС, доби своја станица во Националниот универзитет Бразилија. Со оваа станица дополнително ќе се зголеми точноста на навигација во Западната полутопка од страна на Глобалниот навигациски сателитски систем. Овој проект сведочи за големиот потенцијал на Бразил како стратешки партнер во сферата на вселенските истражувања.

ГЛОНАСС веќе располага со 19 вакви станици, од кои некои се наоѓаат дури и на тешко достапните поларни региони - три станици се наоѓаат на Антарктикот. Соработката со Бразил ќе дозволи да се добие зголемување на прецизноста на системот ГЛОНАСС.

Во локалните научни кругови ја потцртуваат користа од соработката со Русија од областа на вселената. Достапот кон ГЛОНАСС позитивно ќе влијае на квалитетот на работата на бразилските научници во сферата на транспортот, геодезијата и картографијата, како и со управувањето на беспилотните летала. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.