Виршли со коњско месо и во Русија

Федералната агенција за ветеринарна и фитосанитарна контрола пронајде во Русија виршли со коњско месо од Европа.

Федералната агенција за ветеринарна и фитосанитарна контрола пронајде во Русија виршли со коњско месо од Европа. Се соопштува дека испораката на виршли доаѓа од австриско претпријатие. „Во документите било укажано дека виршлите содржат 100% говедско месо, но таму е откриено коњско месо, а исто така месо од птици и соја“, објаснија претставници од федералната агенција.

Претходно во Европа прехранбените состојки предизвикаа скандал, откако во почетокот на годината во плескавиците од шпански и ирски производители пронајдоа коњско месо, иако производите биле обележани како „производи од говедско месо“. После извршени проверки низ цела Европа, коњско месо е пронајдено и во Франција, Германија, Италија и Шведска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња