Учениците во Русија ќе учат нов предмет - основи на финансиите

Во 2013 година во руските училишта ќе се појави нов предмет - основи на финансиите.

Во 2013 година во руските училишта ќе се појави нов предмет - основи на финансиите. Него ќе го изучуваат учениците од сите возрасти. Проектот е предложен од Министерството за финансии во пет региони од државата, но од 2018 година овој предмет може да биде вклучен во општообразовната програма.

Со помош на овој предмет, властите сакаат да им објаснат како функционираат парите и како треба да се работи со нив, а не да се чуваат под душек, како и да научат како да го планираат семејниот буџет. Новиот предмет ќе го предаваат учителите кои предаваат Општество.

„Нивото на финансиската писменост на населението е многу ниска, - смета аналитичарот на ХКФ-банката, Станислав Дужински. Според податоците на анкетите на Националната агенција за финансиски истражувања, најпопуларни банкарски услуги се дебитните картички, преку кои граѓаните ја добиваат својата плата, а исто така и преку кои ги плаќаат комуналните услуги. Современите кредитни, депозитни и други продукти за нив се релативно непознати“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.