САД и Русија заедно на Олимпискиот тренинг

За двете земји кои веќе имаат долга историја на политички несогласувања, кои неретко се прелеваат и во спортот - соработката оваа недела меѓу ски-тимовите на САД и Русија во Роза Хутор може за многумина да е големо изненадување.

За двете земји кои веќе имаат долга историја на политички несогласувања, кои често знаат да се прелеат и во спортот - доста невообичаена е соработката меѓу ски-тимовите на САД и Русија во Роза Хутор. За многумина тоа е вистинско изненадување.

Со помалку од една година до отворањето на Олимпијадата во Сочи, двата национални ски-тима тренираат заедно на местото кое ќе се користи за алпски трки следниот февруари.

Пред три години, двете ски-асоцијации се договорија да соработуваат и да ги делат спортските објекти за тренинг. Кампот за обука во Краснаја Полјана, кој се наоѓа на 40 километри  од Црното море, е показател за предностите кои ги добиваат американските скијачи. Имено, тие добиваат пракса на местото на одржување на идните Олимписки игри. Местото каде тренираат е обезбедуван од страна на вооружени единици и е затворено за јавноста.

„Навистина е добро да се биде овде, една година пред одржувањето на Игрите“, изјави Дејвид Чодунски, член на американскиот скијачки тим. „Добро е тоа што можеме да го почувствуваме местото, да го почувствуваме Сочи, па кога ќе дојдеме следната година, ќе се чувствуваме доста поудобно“.

Но не само американскиот тим, ами и рускиот тим има корист од оваа соработка. „Ние можеме да научиме многу од американскиот тим, како тие се подготвуваат и каква е нивната организација“, изјави 29-годишниот Александар Глебов, учесник на рускиот тип. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња