Русија и САД се решени да ги седнат на преговарачка маса опозицијата и властите во Сирија

Русија и САД ја потврдија заедничката позиција околу Сирија, и ќе направат сѐ што е возможно за да седнат на преговарачка маса опозицијата и власта во Сирија и да започнат дијалог.

Русија и САД ја потврдија заедничката позиција околу Сирија, и ќе направат сѐ што е возможно за да седнат на преговарачка маса опозицијата и власта во Сирија и да започнат дијалог, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, веднаш после средбата на 26 февруари со државниот секретар на САД, Џон Кери.

„Што се однесува до Сирија, најважно е тоа што ние го потврдивме нашето разбирање околу желбата да се прекине насилството, и тоа преку заемно разбирање - се разбира, ние ќе направиме се за да создадеме услови за што побрз почеток на дијалогот меѓу владата и опозицијата“, изјави рускиот министер.

Според Лавров, „никој за самите сиријци нема да ги решава проблемите, но за да се започне со донесување договор и решение - треба да се седне на преговарачка маса“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња