Mail.ru ќе исплати дивиденди во вредност од 899 милиони долари

Кон крајот на март, руската Mail.ru ќе исплати дивиденди во големина од 4,3 долари за една акција.

Кон крајот на март, руската Mail.ru ќе исплати дивиденди во големина од 4,3 долари за една акција. Целосната сума на исплатените дивиденди ќе изнесува 899 милиони долари, или 95% од сите средства кои се акумулирани кон крајот на минатата година. „Компанијата отсекогаш подвлекувала дека нема да чува на сметките вишок средства“, изјави претседателот на советот на директори и генерален директор на Mail.ru, Дмитриј Гришин.

Според финансиските податоци на Mail.ru Group, во 2012 година профитот на групата скокнал за 39% во споредба со 2011 година, и изнесува околу 32 милијарди денари. Во 2013 година компанијата очекува раст на профитот за 25-28%.

На денот на објавување на финансиските податоци за 2012 година, цената на акциите на Mail.ru на Лондонската берза скокнале за 4,27% и изнесувале 36,9 долари за една акција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња