Лидерот на Приднестровје го поддржа воведувањето на руската рубља

Претседателот на Приднестровје, Евгениј Шевчук, ги поддржа законодавните иницијативи кои предвидуваат воведување на руската рубља како втора валута во републиката.

Претседателот на Приднестровје, Евгениј Шевчук, ги поддржа законодавните иницијативи кои предвидуваат воведување на руската рубља како втора валута во републиката.

„Руската Федерација е главен политички сојузник на Приднестровксата Молдавска Репубика, и е еден од најголемите трговски партнери. Поради тоа, за бизнис структурите во Приднестровје, воведувањето на рубљата ќе помогне да се намали загубата при конвертирањето на валутите“, се изјавува во соопштението на претседателот.

Во документот се подвлекува дека воведувањето на рубљата на територијата на Приднестровје ќе биде еден од првите чекори во реализацијата на волјата на народот на Приднестровје, покажана на референдумот од 17 септември 2006 година, кога 97,1% од жителите на Приднестровје гласаа за независност и присоединување кон Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.