Кремљ и владата ги зголемија средствата за родителите и посвојувачите

Владимир Путин вчера потпиша указ, со кој се зголемуваат за 4,5 пати средствата за родителите кои воспитуваат деца-инвалиди.

Владимир Путин вчера потпиша указ, со кој се зголемуваат за 4,5 пати средствата за родителите кои воспитуваат деца-инвалиди. Претседателот, исто така, побара од владата да се преземат мерки за упростување на процедурата за посвојување на сирачиња од страна на граѓаните на Русија. Владата веќе го внесе предлог-законот на разгледување во Думата, според кој се зголемува помошта до 155.000 денари за семејствата кои посвоиле дете-инвалид или дете постаро од 7 години. Експертите сметаат дека овие мерки не се доволни за решавање на проблемот со сирачињата.

Отсега средствата кои ќе се исплаќаат на семејствата кои посвоиле дете ќе изнесуваат околу 8.000 денари секој месец. Исто така, предвидено е социјалната пензија за децата да се зголеми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња