За 12 години армијата пушачи во Русија се намалила за 3,7 милиони

Според сегашните податоци, во Русија пуши четвртина од населението.

Во последните 12 години бројот на пушачи во Русија се намалил за 3,729 милиони луѓе.

Според податоците на регуларното истражување на TNS Marketing Index, во кое учествуваат не помалку од 45.000 жители во Русија над 18 години во 65 руски градови - бројот на пушачи меѓу возрасните е намалено од 38,8% на 26,8%. Највисок показател е забележан во 2002 година - 39,6%.

Анкетата покажа дека луѓето почнале да пушат помалку цигари: меѓу оние кои пушат, до 5 цигари на ден пушат 5,5%, од 6 до 10 цигари - околу 5%, додека оние кои пушат над 20 цигари на ден не „се предаваат“ - околу 3%.

Во понеделникот на 25 февруари, Владимир Путин го потпиша законот против пушење. Законот ќе стапи на сила на 1 јуни 2013 година, но основните забрани ќе профункционираат дури за една година. Ќе биде забрането пушењето на општествени места, барови и ресторани, болници, хотели, железнички станици, автобуски станици, во авионите и возовите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња