Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Иван Павлов.

На 27 февруари 1936 година, почина Иван Петрович Павлов (роден во 1849 година), еден од најавторитетните научници во Русија, физиолог, психолог, создавач науката за вишата нервна активност, основач на најголемата физиолошка школа во Русија, академик на Петербуршката Академија на науки и Академијата на науки на СССР, прв руски лауреат за Нобеловата награда (1904) „за работата во полето на физиологијата на варењето на храната“.

Во 1919-1930 година тој добил покана од Шведската академија на науки да се пресели во Шведска, каде биле спремни да изградат за него институт „каков што ќе посака“.

Павлов ја одбил понудата од Шведска, а во 1925 година, специјално за научникот, недалеку од Ленинград бил изграден институт, со кој тој раководел до крајот на животот (денешниот Институт за физиологија И.П. Павлов, Санкт Петербург).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња