Во Челјабинск ќе се појави споменик на метеоритот кој падна во регионот во средината на февруари. Конкурсот за споменикот и тематското лого - е објавен од локалната влада.
„Жителите на регионот станаа сведоци на уникатна случка. Затоа властите и иницијативните граѓани веќе се заинтересираа како да ја овековечат оваа меѓупланетна „посета“. Тоа ќе го направат со споменик посветен на челјабинскиот метеор и логотип кој ќе се користи понатаму во печатарската и индустријата за сувенири“, објаснуваат во администрацијата на челјабинската област.
Најдобрите макети ќе ги избира жири, а одобрените верзии потоа ќе бидат ставени на Интернет, каде граѓаните ќе можат да гласаат за соодветната верзија. Местото каде ќе се постави споменикот посветен на метеоритот е непознато. Тоа решение ќе го донесат властите на Челјабинск.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче