Во 2012 година, бројот на приклучени граѓани кон мрежите на фиксниот и безжичниот Интернет во Русија пораснал за околу 14%, се наведува во податоците на AC&M-Consulting. Во 2011 година растот бил речиси двојно поголем - 25%, а во 2010 - 36%. Во минатата година провајдерите приклучиле на Мрежата 2,6 милиони нови претплатници, што е за 1,2 милиони помалку, отколку во 2011 година. Според бројот на нови приклучоци, ситуацијата е иста како и во 2009-та година.
Причината во AC&M-Consulting ја наведуваат во презаситувањето на рускиот интернет-пазар. Во Москва и Санкт Петербург дури 80% од сите домаќинства користат Интернет, додека во регионите - околу 42%. Најголемиот број претплатници плаќаат од 450 до 600 денари за Интернет. Според Александар Шатиков, соработник во AC&M-Consulting, бројот на нови приклучоци би може да порасне доколку месечната рата за користење на интернет-приклучок се намали до 450 денари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче