Путин: кардиналните промени во воената сфера не се лесни, но не треба да се одолговлекуваат

Претседателот Владимир Путин, на фонот на нестабилноста во светот, изјави дека Русија ќе ја зголемува својата одбранбена способност, пренесува „Интерфакс“.

Претседателот Владимир Путин, на фонот на нестабилноста во светот, изјави дека Русија ќе ја зголемува својата одбранбена способност, пренесува „Интерфакс“.

„Обезбедувањето на сигурна одбрана на Русија - е приоритет на нашата државна политика. Современиот свет засега, за жал, е многу далеку од спокојниот и безбеден развој. Старите конфликти не само што не стивнуваат, туку се појавуваат и нови, не помалку сложени. Расте нестабилноста во големи региони во светот“, изјави Путин.

„Ние треба да бидеме подготвени во секој момент да ја заштитиме нашата држава, да умееме да ја прогнозираме ситуацијата во иднина, и соодветно на тоа, да го развиваме нашиот воен потенцијал“, забележа претседателот.

Претседателот подвлече дека за постигнување на таа цел, до 2020 година е планирано обновување на 70% од руското оружје. Оваа задача веќе е доделена на одбранбено-идустрискиот комплекс, каде се инвестирани „колосални средства“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.