Генералот Шаманов го одобрува „летното служење“ на студентите во армијата

Командантот на Воздушно-десантната војска, генерал-полковник Владимир Шаманов, ја поддржа идејата за служење во армијата од страна на студентите за време на летните одмори, пренесува „Интерфакс“.

Командантот на Воздушно-десантната војска, генерал-полковник Владимир Шаманов, ја поддржа идејата за служење во армијата од страна на студентите за време на летните одмори, пренесува „Интерфакс“.

Генералот забележува дека со ова ќе добие и државата и студентот.

Претходно предлогот за „летно служење“ го поддржа и заменикот на министерот за одбрана, Николај Панков.

Предлогот е поддржан и од ректорите на руските универзитетот. Според инцијативата, студентите од воените катедри ќе служат по три месеци, четири години по ред.

Претставниците на рускиот студентски сојуз се спротивставија на „летното служење“. Во сојузот изјавија дека ваквото служење во армијата ќе пречи на процесот на студирање. Претседателот на комитетот за одбрана во Думата, Владимир Комоедов, исто така, смета дека три месеца се премалку за служење, „бидејќи и така војниците се обидуваат да заминат три месеца порано“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.