Економијата на Русија во минус во јануари

Во јануари, БДП на Русија се намалил за 0,3%, во споредба со декември 2012 година - тоа е прв пад на економијата за последниве 10 месеци.

Јануари се покажа како лош месец за Руската економија. Без пресметаните сезонски фактори, БДП на Русија се намали за 0,3% во споредба со декември, соопшти заменикот министер за економски развој, Андреј Клепач. Ова е прв пад за последните 10 месеци.

Во јануари, според Клепач, се намалила и трговијата на мало и индустриското производство - за 1,5%. Ископувањето на руди и други суровини е намалена за 2,3%, додека производството е намалено за 1,3%.

Клепач изјави дека министерството очекувало намалување на растот во јануари.

Во јануари 2012 година, тогашниот министер за економски развој, Елвира Набулина (сега - помошник на претседателот), падот на економскиот раст изнесувал 0,1%.

Како по обичај, зголемувањето на економскиот развој започнува од март. Но, сепак, првите два квартала ќе бидат слаби. Во владата, исто така, не очекуваат големо забрзување на растот на економијата за оваа година - до 3,6%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња