Русија нема да се ограничува само на веќе постигнатите резултати во вселената, туку ќе го зголеми рускиот удел во светската вселенска дејност од 10 на 15%. Ова го изјави премиерот Дмитриј Медведев во интервју за кубанските медиуми.
„Ние сакаме уделот на руското учество во вселената да биде зголемен од 10 на 15%, т.е. да не бидеме само водечка научна држава, држава-истражувач на вселенското пространство, туку и учесник на пазарот на вселенски услуги“, изјави рускиот премиер.
„Ние први отидовме во вселената и сметаме дека тоа е нашата конкретна предност. Не треба да се штедат пари за вселената. Ако само се гордееме со лансирањето на првиот сателит или летот на Гагарин, ние едноставно ќе заостанеме“, забележа Медведев.
Рускиот премиер додаде дека вселената не е денес само наука, туку и пазар на услуги, кој носи профит. „Сосема неодамна беше донесена програма за вселенски истражувања за периодот до 2020 година, за која ние сакаме да потрошиме големи средства - околу 60 милијарди долари“, забележа Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче