Бразил и Русија со слични економски показатели

На 20 февруари заврши официјалната посета на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, во Бразил, кога беа потпишани билатерални договори, меѓу кои, најголеми се оние кои се однесуваат на оружјето и извозот на житарици од Русија во Бразил.

На 20 февруари заврши официјалната посета на премиерот Медведев во Бразил, кога беа потпишани билатерални договори, меѓу кои, најголеми се оние кои се однесуваат на оружјето и извозот на житарици од Русија во Бразил.

Како реципроцитетна мерка, рускиот пазар сега ќе биде отворен за бразилското свинско месо.

Трговската размена меѓу двете држави е намалена поради намалувањето на увозот во Русија на бразилски шеќер од 7,2 милијарди долари на 6 милијарди долари. Трговското салдо е негативно за Русија - 1,2 милијарди долари.

На 21 февруари, зборувајќи со деловните кругови на Бразил, Дмитриј Медведев ја забележа „сличноста на економските проблеми на Русија и Бразил, подвлекувајќи го добриот резултат со нивото на невработеноста во 2012 година - 5,7%“. Во Бразил невработеноста е дури помала и од Русија. Намалувањето на невработеноста во двете држави истовремено е спроведена и со понизок економски раст.

Ако во случајот на Русија, ниското ниво на невработеност традиционално се објаснува со демографските проблеми, истите за Бразил и не постојат - во неа живеат 197 милиони граѓани и се забележува постојан демографски раст.

Дури и нивото на сиромаштија во двете држави се наоѓа на речиси исто ниво - околу 8% од населението живее под прагот на сиромаштијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња