Во пленарната сала на Думата, на 15 мај, наместо пратеници, ќе се соберат повеќечлени семејства. На форумот „Многудетна Русија“ ќе се разговара за тоа каква помош им е потребна на големите семејства од државата, и како резултат на дискусиите ќе се донесе решение, врз основа на кое ќе се создаде закон за поддршка на повеќечлените семејства.
Родителите кои имаат три и повеќе деца ќе се соберат од сите делови на Русија - од три до шест луѓе од секоја регионална единица. Така, во салата ќе има повеќе од 300 татковци и мајки. Форумот ќе го води спикерот на Думата, Сергеј Наришкин, а на прашањата ќе одговараат министрите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче