„Таткото“ на рокенролот, Чак Бери, одржа концерт во Москва

Легендарниот американски музичар, Чак Бери, настапи со својата група во рускиот главен град. Неговиот концерт се одржа во клубот „Арена“.

Легендарниот американски музичар, Чак Бери, настапи завчера со својата група во рускиот главен град. Неговиот концерт се одржа во клубот „Арена“.

Во програмата на 86-годишниот патријарх на рок-сцената влегоа хитови како "Johnny B. Goode", "Maybellene" и "Roll Over Beethoven"...

Чарлс Едвард Андерсон Бери е роден во градот Сент-Луис на 18 октомври 1926 година. Тој уште од мала возраст почнал да свири. Во текот на 1940-те години, Бери се нашол во затвор поради обвинение за вооружен грабеж. После ослободувањето тој се оженил и вработил во автомобилска фабрика, додека навечер свирел во мали клубови. Пресвртницата во животот настапила за него во 1955 година, кога заминал во Чикаго, каде што се сретнал со легендата Мади Вотерс, кој му предложил да се запознае со Леонард Чес - основач на музичката компанија „Чес рекорд“. Како резултат на нивната соработк, песната „Maybellene“ била продадена во 1 милион копии. Веќе кон крајот на 50-те години, Бери станал ѕвезда во музичкото небо.

За прв пат Бери настапил во Москва во 1997 година. Оттогаш тој неколку пати престојувал во рускиот главен град. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња