Русија нема намера да преговара со Грузија за прашања кои се однесуваат на Абхазија и Јужна Осетија

Русија нема намера да води дијалог со Грузија за прашања кои се однесуваат на Абхазија и Јужна Осетија.

Русија нема намера да води дијалог со Грузија за прашања кои се однесуваат на Абхазија и Јужна Осетија. Ова го изјави заменикот-министер при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Григориј Карасин, на средбата со руските и грузиските политиколози во Москва.

„Руско-грузискиот дијалог, без разлика дали е на државно или општествено ниво, по дефиниција не може да влијае на прашањата околу Абхазија и Јужна Осетија, - забележа рускиот дипломат. Дискусијата по овие прашања е можна само со жителите на овие земји. Било кој друг пристап предвреме е лишен од секаква смисла“.

Карасин, исто така, ја потврди заинтересираноста на Москва за нормализација на односите со Тбилиси „во оние сфери, за кои е подготвена за разговор грузиската страна“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.