Пронајдено е најголемото парче од челјабинскиот метеорит

Во Челјабинската област, каде утрото на 15 февруари падна метеорит, се пронајдени нови парчиња од небесното тело.

Во Челјабинската област, каде утрото на 15 февруари падна метеорит, се пронајдени нови парчиња од небесното тело. Според зборовите на научниците, овој пат тие успеале да го најдат досега најголемото парче. Тежината на ова парче надминува еден килограм.

Како што раскажа раководителот на експедицијата, Виктор Гроховски, биле најдени вкупно 100 парчиња. Претходно најдените парчиња од метеоритот биле испратени на експертиза во Институтот за геохемија и аналитичка хемија „В.И. Вернадски“ при РАН. Резултатите од истражувањата до 1 март ќе го откријат точниот состав на метеоритот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња