Неискористените арктички наоѓалишта од „Роснефт“ и „Гаспром“ нема да припаднат на приватните компании

Неискористените арктички наоѓалишта од „Роснефт“ и „Гаспром“ нема да припаднат на приватните компании.

Неискористените арктички наоѓалишта од „Роснефт“ и „Гаспром“ нема да припаднат на приватните компании. Тие ќе бидат „ставени“ во резервниот фонд, чие создавање е предвидено со „Стратегијата за развој на арктичката зона на Русија и национална безбедност до 2020 година“, објавена на интернет-страницата на владата на Руската Федерација.

Министерството за природа и животна средина подготви проект, според кој се дефинираат критериумите за вклучување на наоѓалиштата  во тој фонд. Се претпоставува дека во тој фонд ќе се најдат неколку нераспределени стратешки наоѓалишта на нафта, со резерви од над 70 милиони тони.

Според создавачите на арктичката стратегија, создавањето на резервниот фонд ќе ја гарантира „енергетската безбедност на државата и стабилниот развој на енергетскиот сектор на долг рок“. Овие наоѓалишта ќе послужат за компензирање на производството на нафта, кое се планира да почне да паѓа некаде после 2020 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња