Направена е најголемата зделка на рускиот пазар на комерцијална недвижнина

На рускиот пазар на недвижности е извршена најголемата зделка во историјата на Русија,

На рускиот пазар на недвижности е извршена најголемата зделка во историјата: американскиот инвестициски фонд Морган Стенли Инвестинг го купи трговскиот, и воедно и центар за забава - „Метрополис“ во Москва за 1 милијарда и 200 милиони долари. Условите на зделката не се обелоденети.

„Метрополис“ е еден од најпосетуваните трговски центри во Европа. Неговата површина изнесува 205.000 квадратни метри, од кои 82.000 се покриени површини за промет на мало. Исто така, овој трговски центар има речиси 3.000 паркинг места.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.