Експертите не се сомневаат во ползата од законот против пушење за русите

Стапувањето во сила на законот против пушење, кој на 25 февруари беше потпишан од претседателот на Русија, ќе даде позитивни резултати уште во текот на првата година, сметаат експертите.

Стапувањето во сила на законот против пушење, кој на 25 февруари беше потпишан од претседателот на Русија, ќе даде позитивни резултати уште во текот на првата година, сметаат експертите.

Странското искуство покажува дека во првата година после донесувањето на законите против пушење, бројот на инфаркти се намалил за 17%, а во првите три години - за 33%. Освен тоа, се намалува и процентот на онколошки заболувања. Ова не е само поради фактот дека пушачите почнуваат да пушат помалку, туку поради тоа што се намалува изложеноста на граѓаните на пасивно пушење.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.