Претседателството во Шангајската организација за соработка (ШОС) во 2014 година ќе го преземе Русија. Подготовките за тоа веќе започнаа, соопшти специјалниот претставник на претседателот на Русија за ШОС, Кирил Барски.
„За една година, во 2014-2015 година, Русија ќе го преземе свето претседателство место во ШОС, а подготовките за тоа веќе започнаа. Започна со работа организацискиот комитет, се подготвува концепцијата и планот за активности за време на претседателството на Русија“, рече Барски, настапувајќи на средбата на претседателите на Врховните судови на државите-членки на ШОС.
Тој забележува дека Организацијата треба да работи во доста бурно време и сложена меѓународна ситуација. „Глобализацијата нагло го менува современиот свет, а опасностите и предизвиците за безбедноста се множат и усложнуваат“, забележа Барски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче