Денеска сајбер-просторот можеби не е реално поле на бој, но во секој случај, тоа е перспективен театар на воени дејства. Тоа е и мотивот на руското Министерство за одбрана да донесе решение за создавање на специјален центар за команда кој ќе се справи со оваа задача.
Според информациите на руските медиуми, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, неодамна му нареди на Генералштабот во најскоро време да ги претстави своите предлози за создавање на соодветна структура во рамките на руските вооружени сили.
Како што соопшти весникот „Изветија“, повикувајќи се на извор во Генералштабот, ако структурите на генералштабот се справат со поставената задача, тогаш сајбер-команда на основно ниво ќе се појави веќе во оваа година.
Претходно Владимир Путин нареди на Федералната служба за безбедност да ги заштити информатичките структури во руските државни установи од возможни напади.
Полната верзија на овој текст ќе можете да ја прочитате наскоро на интернет-страницата на Руска реч на македонски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче