Обвинителството во Русија е загрижено поради намалувањето на пријавените случаи на мито и корупција

Главниот обвинител Јуриј Чајка е загрижен поради тоа што оперативните служби пријавуваат сѐ помалку случаи на мито.

Главниот обвинител Јуриј Чајка е загрижен поради тоа што оперативните служби пријавуваат сѐ помалку случаи на мито. „Веќе втора година по ред ние сме загрижени поради намалувањето на бројот на регистрирани факти за корупција. Продолжува намалување не само на случаите на давање мито (21%), туку и на фактот за добивање мито“, изјави во средата главниот обвинител.

Позицијата на Чајка ја поддржа во Думата и претседателот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин: „Јуриј Јаковлевич е во право кога кажува дека цифрите не одговараат ан нивото на корупциски престапи во државата“.

Според објавената статистика на интернет-страницата на МВР, во 2012 година биле покренати 9.758 кривични постапки за корупција, што е за 10% помалку отколку во 2011 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња