„Лабораторијата Касперски“ ќе претстави на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона бесплатни верзии на антивирус за паметни телефони и таблети кои работат со оперативниот систем Андроид - Kaspersky Mobile Security и Kaspersky Tablet Security. Засега компанијата продава преку Google Play целосни верзии на слични продукти.
Понудата ќе се состои од основна (бесплатна) верзија со која ќе може да се провери телефонот или таблетот за вируси, како и за да се заштитат личните податоци и податоците за плаќање на Интернет. Доколку корисникот сака да има автоматизирана заштита, тогаш ќе треба да доплати 300 денари.
Според податоците на Cisco, во 2012 година имало 2.577% поголем број случаи на заразување на уредите кои работат со Андроид, споредено со 2011.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче