Компанијата „Јандекс“ нема да произведе сопствен паметен телефон или таблет, се додека таа не е светски играч, бидејќи возможна е појава на тешкотии со дистрибуцијата, изјави генералниот директор на „Јандекс“, Аркадиј Волож.
„Јандекс“ во последно време активно развива различни мобилни решенија. Така, во март 2012 година, компанијата го претстави системот „Јандекс.Shell“ за уредите кои користат Андроид. Освен тоа, „Јандекс“ создаде сопствена интернет-продавница за апликации, како замена за Google Play.
„Да се создаде таблет или телефонот - не е проблем. Проблемот се јавува при дистрибуцијата на тој паметен телефон, и за да се направи тоа, треба да се биде светски играч. Ние сме локален играч, тешко ни е да конкурираме со светските лидери во оваа сфера“, изјави Волож. Според него, стратегијата на компанијата се состои во изнаоѓањето на патот до корисникот преку апликации.
Во вторникот компанијата „Јандекс“ ги објави финансиските резултати за 2012 година. Чистиот профит на компанијата пораснала во 2012 за 42% - до 205 милиони евра, во споредба со 2011 година.
„Јандекс“ е најголемиот пребарувач на рускиот пазар. Него го користат дури 60,5% од руските корисници за пребарување низ Интернет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче