Истрагата на смртта на сирачето од Русија ќе трае неколку недели

Не прекинуваат активностите околу кривичното гонење на американското семејство кое го посвои Максим Кузмин.

Главна тема на преговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, ќе стане смртта на тригодишниот Максим Кузмин, соопшти Константин Долгов, ополномоштен при МНР на Русија за прашања за правата на човекот.

Информацијата за смртта на Максим Кузмин се прошири на 18 февруари.

Како што забележа Долгов, истрагата за смртта на Максим Кузмин може да трае од 8 до 10 недели.

Според зборовите на Долгов, на телото на Максим биле откриени многу надворешни и внатрешни повреди, и има основа да се смета дека убиецот - е неговата маќеа. Сепак, засега нема да биде покрената кривична пријава против неа, бидејќи дејствува пресумпцијата на невиност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња