ЕasyJet сѐ уште не добила дозвола за летови од Русија

Компанијата EasyJet, популарна евтина авиокомпанија во Европа, активно продава билети за своите летови од Русија кои ќе започнат од средината на март.

Компанијата EasyJet, популарна евтина авиокомпанија во Европа, активно продава билети за своите летови од Русија кои ќе започнат од средината на март. Но, како што се покажува, таа компанија сѐ уште не ги добила сите неопходни дозволи од руските воздушни власти. Станува збор за усогласување на тарифите со друг авиопревозник на истата маршрута - „Трансаеро“, и со Програмата за безбедност со Федералната агенција за воздушен транспорт.

EasyJet уште пред еден месец започна со продажба на билети од Москва (Домодедово) до Лондон (Гејтвик) од 18 март - по еден лет на ден, а од 15 април, два лета на ден. Минималната цена на билетите изнесува 53,99$. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.