На денешен ден, во 1856 година, почина познатиот руски математичар - Николај Лобачевски.
Во текот на својот живот, исто како и Коперник, Лобачевски бил непризнат, дури и во својата татковина. Николај Иванович Лобачевски е доминантен руски математичар кој дал голем придонес во развитокот на Неевклидската геометрија, особено го развил Петтиот Евклидов Постулат. Признавањето на неговите идеи се одвивало бавно, затоа што некои математичари и историчари тврделе дека Лобачевски неговиот концепт за Неевклидовата геометрија го украл од Гаус, но ова не е точно, затоа што Лобачевски во тоа време не контактирал со Гаус (не се допишувал со него) не разменувале мислења еден со друг.
Неговите идеи за Неевклидовата геометрија ( Нукледијанска геометрија ) биле целосно прифатени дури неколку децении после неговата смрт. Но, подоцна неговата теорија се покажала како многу важна за математичарите и науката. Германскиот физичар Алберт Ајнштајн направил генерализација од теоријата на Лобачевски за својата теорија за релативноста.
Умира на 64 години во Казањ на 24 февруари 1856 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче