После половина година од стапувањето на Русија во Светската трговска организација, властите се загрижија за прашањето за конкурентноста на руските производители и почнаа да преземаат мерки за нивна поддршка.
Така, во почетокот на февруари, Министерството за трговија излезе со иницијатива да го поддржи рускиот авто-пазар со помош на државни нарачки. Владата предложува да се купуваат за државните потреби исклучително руски автомобили. Но, чиновниците не мораат да се грижат за ова, бидејќи под категоријата „Made in Russia“ влегуваат и Тојота, БМВ, Форд и други марки автомобили кои се произведуваат во Русија.
Директорот на секторот за трговски преговори при Министерството за економија и развој, Максим Медведков, објаснува дека производителите ќе се поддржуваат преку државни нарачки: „Многу држави така прават, тоа е нормално. Нашата задача е само да бидеме сигурни дека решенијата на владата нема да ги нарушат нормите на СТО“:
Ако државните нарачки учесниците на пазарот ги дочекуваат со радост, тогаш една друга иницијатива - поддршка на производителите на облека и обувки - засега предизвикува збунетост и неодобрување кај експертите. Работата е во тоа што властите предлагаат да се обврзат сите продавачи да ставаат на своите полици не помалку од 30% производи кои се произведени во Русија. Во моментов кај повеќето трговци тој број е некаде над нулата.
Претставници на младите руски марки ја дочекаа со радост оваа вест. „Поддршка нам ни е потребна“, кажува Ана Данилова, генерален директор на компанијата „Јаноер“.
Општо земено, привлекувањето на вниманието кон проблемите на производителите - тоа е позитивен тренд, сметаат експертите, и покрај тоа што од големината на државните нарачки никој не очекува промени. „Странските производители не мора да се плашат за своите позиции на рускиот пазар барем уште година-две“, резимира независниот консултант, Максим Голтберг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче