Руските Су-30МК2 пристигнаа во Индонезија

Ловците Су-30МК2 од руско производство, расклопени пристигнаа во индонезиската воена база во провинцијата Јужен Сулавеси.

Ловците Су-30МК2 од руско производство, расклопени пристигнаа во индонезиската воена база во провинцијата Јужен Сулавеси.

Од шесте нарачани авиони, во базата пристигнаа само два, додека останатите четири ќе пристигнат во државата во јули годинава.

Локалните медиуми го нарекуваат договорот за испорака на авиони-ловци во Индонезија - еден од најголемите за време на целата историја на руско-индонезиската воено-техничка соработка. Зделката изнесува 470 милиони долари. Во наредните денови испорачаните авиони ќе бидат склопени од руски специјалисти и предадени на индонезиската страна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња