Експертите напишаа три економски сценарија за 2013 година

И покрај тоа што минатата година Русија за заврши во релативно добра форма, нејзината економска иднина експертите не ја гледаат толку радосно. Многу нешта зависат од светските цени на нафтата, како и од самите политичари во државата, сметаат тие. Во зависност од тоа, државата во 2013 година ја чекаат три сценарија на развиток.

Првото сценарио предвидува зачувување на високите (но не и растечки) цени на нафтата, намалување на темпото на раст на потрошувачките кредити (барем до 25-30% годишно) и намалување на растот на доходите на населението. Тоа ќе предизвика намалување на растот на реалниот БДП до 2,7%-3%.

Второто сценарио предвидува намалување на светските цени на нафтата и металите, намалување на надворешната побарувачка на руски производи, што ќе доведе до пад на темпото на раст на производството и БДП до нула.

Третото сценарио е возможно доколку бидат направени реформи за зголемување на внатрешната побарувачка. Според ова сценарио, треба да се зголемат разходите на буџетот и кредитите на Банката на Русија за финансирање на инфраструктурни проекти и давање на кредити на банкарскиот систем. Според нивното мислење, тоа ќе помогне да се поддржи економскиот раст во 2013 година.

Овие прогнози се слични со оние на Министерството за економски развој. Според оценките на чиновниците (основно сценарио), растот на економијата во првото полугодие во 2013 ќе изнесува 2,2 до 2,4%, а во второто полугодие повеќе од 4%, со што општиот раст за сета 2013 година треба да изнесува 3,6%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња