Четири големи бродови на Црноморската флота ќе пристигнат во блиска иднина во Средоземното море и ќе стапат на воена служба. Оваа решение беше донесено во текот на воените вежби кои се одржаа во Средоземното море од 19 до 29 јануари 2013 година во водите на Црното и Средоземното море.
Сега во Средоземното море се наоѓа фрегатата „Сметливи“, а исто така и неколку бродови за поддршка. Наскоро на источниот дел од Средоземното море ќе пристигнат десантните бродови „Калиниград“ и „Шабалин“. Освен тоа, до крајот на февруари во Средоземното море ќе пристигнат бродовите „Саратов“ и „Азов“.
Се известува дека во иднина бројот на бродовите, а исто така и видовите бродови кои ќе патролираат во областа, ќе се распоредуваат во зависност од ситуацијата во регионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче