Станислав Петров ја доби Дрезденската награда

На советскиот потполковник во оставка, Станислав Петров, му ја врачија меѓународната Дрезденска награда. Во 1983 година тој спречи нуклеарна војна, која можела да се случи поради лажен аларм од системот на предупредување за нуклеарен напад врз СССР.

Советскиот потполковник во оставка, Станислав Петров, ја доби меѓународната Дрезденска награда. Во 1983 година тој спречи нуклеарна војна, која можела да се случи поради лажен аларм од системот за предупредување од нуклеарен напад врз СССР.

„Станислав Петров во ноќта на 26 септември ја спречи третата светска војна и се најде на чекор понапред од политичарите, кои веројатно ќе донеле поинакво решение, соопшти претседателот на организацијата „Пријатели на Дрезден“, лауреатот за Нобеловата награда - Гантер Блобел. Не неговите раменици лежеше огромна одговорност за иднината на човештвото. Донесувајќи го решението, тој дејствувал не како инженер или офицер, туку како човек. Тој имал можност да ја префрли одговорноста на неговите началници, но тој не го направил тоа.“

Самиот Станислав Петров, кој публиката на церемонијата го поздрави со стоечки аплауз, не престанува да кажува дека тој не се смета самиот себе си за херој. Тој само изјавува „јас само си ја вршев својата работа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња