Руската репрезентација по борење во грчко-римски стил победи на Светското првенство кое се одржа во Техеран.
„Веднаш после завршувањето на Олимпијадата во 2012, јас реков дека следна цел на репрезентацијата на Русија е победа на Светското првенство во Иран“, изјави главниот тренер на руската репрезентација, Гоги Когуашвили.
Финалниот натпревар меѓу Русија и Иран заврши со резултат 5:2 за Русите. Во борбата во категоријата до 74 килограми, победи и олимпискиот шампион во Лондон, Роман Власов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче